ОДБОЈКА

АТАКУВАА НА ТРИ, ОСВОИЈА САМО ЕДЕН БОД

25 July, 2015 - 22:52

Македонската одбојкарска репрезентација загуби од селекцијата на Данска со 2:3 (27:29, 25:18, 25:18, 22:25, 16:18) на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ на првиот од двомечот со оваа селекција и значително ги загуби шансите за пласман на едно од првите две места во А групата по одигрувањето на четврото коло. Нашиот национален тим атакуваше на три бода а освои само еден од незгодната Данска против која и утре ќе се пресметаат пред своја публика во 17 часот и 30 минути. 

Мечот се решаваше во петтиот сет, кога и двете селекции држеа идентичен ритам до 12:12. Потоа Данците поведоа со 14:12 и имаа две меч – топки, но возврати Македонија со три последователни поени. Во одбојката многу брзо се менуваат работите, па на крајот Данска го доби сетот со 18-16 и го комплетираше мечот со 3:2 во сетови.

На вториот меч од оваа конкуренција Естонија продолжи со максимален ефект откако на гости ја совлада Австрија со 3:1.

Веста е прочитана 186 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.