ТЕНИС

АЗАРЕНКА СЕ ВРАТИ ВО ТОП 10,БЕЗ ПРОМЕНИ КАЈ ТЕНИСЕРИТЕ

21 March, 2016 - 14:14

Мастерсот во Индијан Велс не донесе поместувања на  тениската АТП ранг листа.Петкратниот шампион на турнирот во Калифорнија,Новак Ѓоковиќ  кој синоќа го декласираше во финалето Милош Раониќ со 6-2 и 6-0,има огромни 8170 бодови  пред второпласираниот на листата, Енди Мареј.Нема промени и на другите топ 10 позиции.Трет и натаму е Федерер,пред Вавринка, Надал, Нишикори, Бердих,Ферер , Цонга и Гаске.

Кај дамите, зад водечката Серена Вилијамс има промена на 2.позиција на ВТА листата.Агњешка Радванска се проби до 2.место на сметка на Кербер.Во најдобрите 10 се врати  победничката на Индијан Велс ,Викторија Азаренка.Белорусинката е осма, зад Мугуруза,Халеп,Суарез Наваро и  Квитова,  а зад неа се  Винчи и Бенчиќ.

Веста е прочитана 207 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.