ФОРМУЛА 1

БЈАНКИ ЈА ЗАГУБИ БОРБАТА ЗА ЖИВОТ, 25 ЖРТВА ВО ФОРМУЛА 1

18 July, 2015 - 18:59
Жил Бјанки почина синоќа во болница во Ница по девет месечна борба за живот откако францускиот возач во октомври 2014 година, претрпе ужасна несреќа во трката за Јапонското ГП во Сузука. Бјанки возејќи за „Маруси“ загуби контрола на возилото и со голема брзина удри во кран кој се наоѓаше во близина на патеката. По тешката повреда во текот на изминатите девет месеци во Ница се бореше за живот, но за жал ја загуби битката.  „Со длабоко жалење соопштуваме дека Жил синоќа почина во болница во Ница, каде што беше сместен по тешката несреќа на 5 октомври 2014 година на патеката Сузука во Јапонија. Тој се бореше до крај, како што тоа секогаш го правеше, но денеска ја изгуби битката. Болката која ја чувствуваме не се опишува. Ви благодариме на сите што беа со Жил во последниве неколку месеци“, се вели во соопштението на семејството на Жил Бјанки. Французинот во Формула 1 дебитираше во 2013 година и важеше за еден од најталентираните возачи во автомобилизмот. 
Веста е прочитана 182 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.