ТЕНИС

БРИТАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА ДЕЈВИС КУПОТ

29 November, 2015 - 18:18

Британската тениска селекција е победник во Дејвис Купот за 2015 година.Во финалето против Белгија,Велика Британија славеше со 3-1.

Решавачкиот сингл меч од денешната програма во Гент каде се играше финалето, го освои Енди Мареј.Вториот светски рекет го победи Давид  Гофан во три сета.Вчера гостинските тенисери беа поуспешни  во дубл,а  по првиот ден,резултатот беше изедначен, 1-1.Најзаслужен за првиот  триумф на британците во оваа конкуренција  после 1936 година  е Енди Мареј.Тој извојуваше  победи во трите меча од финалето и е во серија од 11-0  во настапите од  Дејвис купот.Британците по 10.  пат ја кренаа’’ салатарата’’ ,а Белгија и во второто финале во историјата, остана без трофеј.

Веста е прочитана 232 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.