РАКОМЕТ

БУДУЌНОСТ ЈА ПРЕКИНА СЕРИЈАТА НА ЖРК ВАРДАР

26 February, 2017 - 19:39

Ракометарките на Вардар го претрпеа  првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите,откако загубија со  28-31 од Будуќност,но македонските првенки остануваат  на водечката позиција во групата.

 

Поранешниот европски шампион вечерва  им се реваншираше на Вардарки за поразот во Подгорица до идентични 28-31. Во СЦ Јане Сандански,гостинките предводени од Катерина Булатовиќ ја прекинаа победничката серија од осум добиени мечеви по ред на Вардар.Будуќност  беше  во подобар ритам,го доби првото полувреме со 17-16.Македонските првенки ја немаа вистинската игра и во вторите 30.минути. Пенезиќ беше најефикасна кај Вардар со шест погодоци,  Лекиќ и  Лакрабер постигнаа по пет гола. Кај Будуќност Булатовиќ реалзираше  14 погодоци. Вардар останува на првото место во групата со 13 бода, исто колку и ФТЦ Будимпешта, но со  подобар  меѓусебен биланс. Будуќност е третопласиран со 10 бода. Во следното коло , на 5 март Вардар гостува кај Мец, а во последниот натпревар од главната фаза во ЛШ, на 13 март во Скопје го пречекува Турингер.

Веста е прочитана 602 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.