ОДБОЈКА

ЦЕВ ГИ ОДРЕДИ ГРУПИТЕ ЗА ЕВРОПСКАТА ЛИГА

22 January, 2016 - 19:42

Репрезентациите на Бугарија, Данска и Албанија ќе им бидат противници на најдобрите македонски одбојкари во новото издание на Европската лига. Македонските одбојкари, кои лани играа во финалето на ова натпреварување и годинава ќе атакуваа на завршниот „Фајнал-фор“ турнир кој ќе се одржи од 29 јуни до 3 јули.

Квалификациите ќе се играат кон средината на јуни и тоа на два турнири. Првиот во Бугарија од 10 до 12 јуни, а една недела подоцна, од 17 до 19 јуни, домаќин на истите репрезентации ќе биде Македонија.

На ждрепката во Луксембург во групата Б, извлечени беа селекциите на Естонија, Белорусија, Австрија и Луксембург.

Двете првопласирани селекции од групите, ќе се пласираат на завршниот турнир, чиј домаќин Европската одбојкарска федерација се уште не го одредила. 

Веста е прочитана 232 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.