РАКОМЕТ

ЧЕРВАР ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА, ЗА 10 ДЕНА ЌЕ ЈА ПРЕВЗЕМЕ ХРВАТСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

8 March, 2017 - 21:11

Македонската ракометна репрезентација ќе остане без селектор откако Лино Червар прифатил да ја превземе хрватската репрезентација тврдат медиумите од Хрватска. По отказот што го доби Жељко Бабиќ за неуспехот на Светското првенство во Франција, Вечерњи лист на својата интеренет страница објави дека Червар е прв пик за оваа функција и веќе се договорил со хрватската федерација по седум години повторно да седне на клупата на коцкестите.

Како што тврди Вечерњи лист, од извори блиски на Хрватската ракометна федерација, во моментов за Червар проблем е Металург а не напуштањето на македонската репрезентација. ХРФ сака чиста работа бидејќи Червар треба да се фокусира само на националниот тим без клупски обврски. Тоа значи дека доколку се нафати на работата за него ќе биде приоритет и голем предизвик на домашен терен да се обиде да стигне до златниот медал идната година на Европското првенство, единствениот трофеј што им недостасува по олимписката и светската титула.

Веста е прочитана 2363 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.