ЕП У18

ДЕБАКЛ НА КОШАРКАРСКИТЕ ЈУНИОРИ ОД ПОЛСКИТЕ ВРСНИЦИ

2 August, 2016 - 21:39

Кошаркарската јуниорска репрезентација на Македионија (играчи до 18 години) го врза вториот пораз вкупно трет на Европското првенство од „Б“ дивизијата што се одржува во Скопје.

Во СЦ „Борис Трајковски“, македонските надежи беа надиграни убедливо од Полска која славеше со 104:66, во четвртото коло од А групата.

Полска го реши мечот уште во првата четвртина која ја доби со двоцифрена предност 21:10. Во продолжение само го надополнуваше дебаклот на нашиот национален тим изразен на крајот со пораз од 38 поени разлика.

Капитенот Ненад Димитриевиќ со 22 поена беше единствениот расположен кошаркар во третиот пораз за црвено-жолтиот состав, додека кај Полска петмина имаа двоцифрен ефект, а најефикасен меѓу нив беше Шчипински со 16 поени.

Македонските јуниори ги загубија чансите за висок пласман па утре ќе играат против Кипар со кого во последниот меч од првата фаза ќе се борат за четвртото место во оваа конкуренција.

Веста е прочитана 270 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.