БИБЛ - ФИНАЛЕ

ДЕБАКЛ НА КУМАНОВО ВО СТАРА ЗАГОРА, БЕРОЕ НА ПЛУС 29 ПРЕД РЕВАНШОТ ЗА СЕДУМ ДЕНА

11 April, 2017 - 20:10

Куманово доживеа дебакл на првата средба од финалето во Балканската кошаркарска лига. На гостувањето во Стара Загора загуби убедливо од домашниот Берое со 84:55, кој со огромна позитива од плус 29 поени ќе гостува на реваншот по седум дена за потврда на титулата во Регионалното натпреварување.

Домаќинот одигра многу добро во првото полувреме кога го реши мечот. Замина на одмор со плус 21 или 46:25 а во продолжение ја контролираше разликата и славеше уште победливо на крајот. Куманово промаши 10 од 18 слободни фрлања а беше и натскокан од бугарскиот тим со 16 скокови повеќе.

Димитар Караџовски беше прв стрелец кај гостите со 14 поени, еден помалку запиша Стефан Живановиќ, додека кај Берое Шејн Гибсон со 25 поени и Арон Џонс со 12 поени и исто толку скокови беа најзаслужни за овој триумф на Берое, кој е на еден чекор од титулата во БИБЛ пред гостувањето во Куманово на 18 април.

Веста е прочитана 1040 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.