КОШАРКА

ДЕБАКЛ НА МЗТ ВО МЕЧ СО ПАРТИЗАН

4 October, 2016 - 20:27

МЗТ  Скопје доживеа нов тежок пораз во почетниот дел од новата сезона на АБА лигата.После неуспешното гостување кај Црвена Звезда ,вечерва на домашен терен во СЦ Јане Сандански ,’’Металците’’ беа декласирани од Партизан со 93-62 .Со исклучок на почетните минути ,МЗТ беше во подредена улога.Партизан ја заврши првата четвртина со 13 поени предност.Белградскиот тим додаде уште 10 во наредниот период.Македонскиот првак  немаше идеја ниту во второто полувреме во кое продолжи со  катастрофалната реализација.Тејмс постигна 20, а Мејси 15 поени за МЗТ.Кај Партизан најефикасни беа Хечер со 21 поен  и Бирчевиќ со 19. МЗТ Скопје во четврток и гостува на Цедевита. 

Веста е прочитана 314 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.