ТЕНИС

ДЕЈВИС КУП: МАКЕДОНИЈА - ИРСКА 1-2

4 March, 2016 - 20:50

Тениската репрезентација на Македонија загуби со 2-1 од Ирска во борба за 1.место во групата  и не успеа да влезе во полуфиналето  на турнирот од  Третата Европска зона на Дејвис купот. 

 

На турнирот во Талин,Естонија во последното 3.коло,македонските тенисери имаа шанса за  триумф над Ирска но го загубија решавачкиот меч во двојки.Двете селекции остварија  две победи во групата Б,над Ерменија и Албанија и  максимален ефект влегоа  во пресметката  за 1.место.Македонија  подобро го отвори дербито и поведе со 1-0. Димитар Грабул успеа со пресврт да го совлада Бјорн Томсон со 2-1 во сетови Ирецот го освои воведниот сет со 3-6 а Грабул  со идентични 6-3 ги доби следните два сета.Ирска изедначи на 1-1 во вториот сингл меч.Томислав Јотовски загуби од Сем Бери со 6-3 и 6-4.Во решавачкиот натпревар,ирската  комбинација  Бери -О’Хара славеше над македонскиот тандем Јотовски-Грабул со 6-3 и 6-2.

Ирска како победник од групата избори  полуфинале и можност  да влезе помеѓу двете  селекции од турнирот во Талин што ќе се пласираат во повисок ранг на Дејвис купот.

Веста е прочитана 265 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.