ТЕНИС

ДЕЈВИС КУП:МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ АЛБАНИЈА СО 3-0

3 March, 2016 - 18:52

Тениската репрезентација на Македонија ги доби трите денешни  меча против селекцијата на Албанија и со втората победа во групата,најави борба за полуфинале со Ирска на турнирот од Третата Европска зона на Дејвис купот што се одржува во Талин.

 

Нашите тенисери ја оправдаа фаворитската улога уште на двата сингл меча против Албанија и со водтство од 2-0  ја обезбедија победата.Во првиот меч ,Димитар Грабул славеше над  Флавио Дече со 7-6, 6-1.Во вториот натпревар,Томислав Јотовски,експресно, за 36. минути игра го победи Генајд Шипхеја, совладувајќи го со максимални 6-0 во двата сета.И во последниот дуел во двојки, триумф од 2-0 во сетови.Македонскиот тандем Јотовски /Србљак славеше  со 6-0 и 6-3  против  Шипхеја и Сулстарова . По вчерашниот триумф над Ерменија,утрешниот дуел на Македонија  против  Ирска чии тенисери денеска ја совладаа Ерменија , ќе биде решавашки во борба за 1.место во Б групата  а со тоа и за пласманот во полуфиналето на турнирот во Естонија, што е претпоследното скалило кон Втората Европска  Зона на Дејвис купот. 

Веста е прочитана 199 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.