ПМФЛ

ДЕРБИ НА СТАРТОТ ОД НОВАТА СЕЗОНА, ШКЕНДИЈА ГО ПРЕЧЕКУВА ШАМПИОНОТ ВАРДАР

25 July, 2017 - 15:11

Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде отворена новата 26 сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вака беше одлучено на денешното извлекување на двојките одржано во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. 

Дуелот меѓу Шкендија и Вардар треба да се одигра во Тетово, на 13 август, но најавено е дека можеби дербито ќе се игра во друг термин, пред се поради настапот на двете екипи во европските купови, односно Лигата на шампионите и Лига Европа. 

Во истиот термин првото коло ќе го одбележи и пелагониското дерби. Во Прилеп Победа ќе му биде домаќин на Пелистер. Новите прволигаши ќе дебитираат на гостински терен. Академија Пандев кај Шкупи на „Чаир“ во Скопје, додека екипата на Скопје ќе патува во Кратово кај Силекс. 

Последниот пар за воведната рунда во сезоната 2017/2018 го сочинуваат Работнички и Ренова.

Системот во ПМФЛ останува непроменет, па како и лани ќе бидат одиграни вкупно 36 кола по четирикружен систем. 

Веста е прочитана 736 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.