ФОРМУЛА 1

ДОМИНАЦИЈА НА ХАМИЛТОН ПРЕД СВОИТЕ ГЛЕДАЧИ НА ПАТЕКАТА „СИЛВЕРСТОУН“

16 July, 2017 - 17:12

Луис Хамилтон ја забележа четвртата победа сезонава на 10 трка во формула еден шампионатот што се возеше на негов терен за Големата награда на Велика Британија.

На патеката „Силверстоун“, возачот на „Мерцедес“ за 57 победа во кариерата беше доманинатен од пол-позицијата до самиот финиш и за 14 секунди имаше подобар резултат од тимскиот колега Финецот Валтери Ботас со кого ја освоија еден два победата. Хамилтон победи четвртти пат по ред на домашен терен исто како и Џим Кларк, а со Шкотот и Французинот Алан Прост го делат првото место со пет триумфи од британското гран при.

На третото место од победничкиот подиум се искачи возачот Кими Раиконен на кого во финишот му настрада предниот десен пнеувматик, а катастрофата на „Ферари“ ја надополни во претпоследниот круг и левиот преден пнеувматик на Германцот Себастијан Фетел, кој заврши на седмата позиција.

Од четвртото до шестото место завршија, двајцата возачи на „Ред Бул“, Холанѓанецот Макс Верстапен и Австралиецот Даниел Рикиардо, кој стартуваше од 19 позиција, и Германецот Нико Хулкенберг на „Рено“. По Фетел, осмото и деветото место го освоија возачите на „Форс Индија“, Французинот Естебан Окон и Мексиканецот Серхио Перес, додека за псоледниот поен се избори на 10 позиција Бразилецот Фелипе Маса на „Вилијамс“.

Фетел остана лидер во поредокот кај возачите со 177 бодови, сега само со еден бод предност во однос на второпласираниот Хамилтон. Ботас е трет со 154 бодови.

Следната 11 трка пред летниот одмор ќе се вози за две недели на 30 јули на „Хунгароринг“ за Големата награда на Унгарија.

Веста е прочитана 1393 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.