КОШАРКА

ДРЕНОВАЦ МУ ОСТАНА ВЕРЕН НА МЗТ СКОПЈЕ

25 July, 2016 - 15:47

Ѓорѓе Дреновац и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако се договори да ја продолжи соработката со македонскиот шампион за уште една година.

Станува збор за 23-годишен кошаркар кој игра на позицијата ниско крило а беше меѓу најзаслужните за двојната круна освоена во минатиот шампионат. Дреновац во АБА-лигата имаше просек од 14,9 поени и 4,4 скокови додека во домашното првенство просечно реализираше 14,3 поени.

Српскиот интернационалец е втор играч кој летово официјално потпиша договор со тимот од Јане Сандански, по Холанѓанецот Шарлон Клоф.

Претходно во улога на шеф на стручниот штаб беше промовиран Емил Рајковиќ, со кого заедно ќе работи и досегашниот прв тренер, Александар Јончевски.

Веста е прочитана 289 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.