РАКОМЕТ

ДУШЕБАЕВ ТРЕТПАТ СЕЗОНАВА ВО ТИМОТ НА КОЛОТО

27 February, 2017 - 14:20

Ракометарот на Вардар Алекс Душебаев обезбеди индивидулано признание, третпат сезонава, откако беше избран во идеалниот тим на 12 то коло во Лигата на шампиони.

Медиа тимот на ЕХФ се определи Душабев да го стави во седумината најдобри на десната бековска позиција поради одличната партија што ја одигра во триумфот над Целје против кого беше најефикасен со осум погодоци.

Tимот на 12. коло:

Лево крило: Валур Сигурдсон (Рајн Некар)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Габор Чазар (Кадетен Шафхаузен)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Фленсбург)
Пивот: Михаел Кнудсен (Бјерингбро-Силкеборг)
Голман: Гонзало Перез Варгас (Барселона)

Веста е прочитана 658 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.