РАКОМЕТ

ДУШЕБАЕВ ВО ТИМОТ НА КОЛОТО

13 February, 2017 - 14:33

Тројца ракиометари на Вардар за своите игри добија индивидулани признанија од Медиа тимот на ЕХФ по триумфот над Загреб со 25:20 во рамките на 10 коло од Лигата на шампиони. Алекс Душебаев е избран во тимот на колото на позицијата десен бек откако беше прв стрелец со седум голови во победата над гостите од Хрватска. Лука Циндриќ беше втор стрелец со четири погодоци а еден од нив беше рангиран на третата позиција од топ 5 најубави кои беа избрани од ЕХФ.

Исто така и голманот на Вардар Арпад Штербик заработи индивидулно признание откако една негова интервенција е број четири од најдобрите пет на 10 коло. 

 

Тим на колото:

лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
лев бек: Оливер Рабек (Татран Прешов)
среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
десно крило: Богдан Радивојевиќ (Флензбург)
пивот: Толга Озбахар (Бешикташ)
голман: Андреас Паличка (РНЛ).

 

Веста е прочитана 862 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.