РИСТОСКИ:

ДВЕ ПОБЕДИ И ШЕСТ БОДОВИ Е НАША ЦЕЛ ПРОТИВ АВСТРИЈА

30 July, 2015 - 18:03

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Жарко Ристоски на денешната прес конференција рече дека неговите избраници ќе одат на шест бодови против Австрија со цел да се доближат поблиску до тоа посакуваното второ место во А групата.

„Австрија има искусни играчи, а наша основна цел е да ги запреме нивните напаѓачи. Со евентуални две победи имаме шанси за второто место. Ние сме подготвени. Поразот од Данска не отрезни и се вративме посилни. Целта е јасна најпрвин да ја минеме Австрија и двата дена викендот да постигнеме две победи“, потенцираше Ристоски.

Две победи без игубен бод посакува и капитенот на македонската репрезентација Никола Ѓоргиев.

„Ова е тежок период. Основна цел ни беше Ф4. Со промените што се случија, Полска како организатор е веќе учесник на завршниот турнир, па затоа сега треба да ги следиме и резултатите од другата група. Сепак наша цел е да имаме континуитет, затоа од голема важност се победите и шест  бодови. Австрија е посилна од Данска и од Израел, но стилот на нивната игра повеќе ни одговара“, истакна Ѓоргиев.

Средбите со Австрија се играат во СЦ „Борис Трајковски“ в сабота на 1 август со почеток во 14 часот и во недела на 2 август со почеток во 19 часот.

Табела:

1. Естонија 17 бодови

2. Полска 10

3. Македонија 10

4. Австрија 9

5. Данска 5

6. Израел 3 

Веста е прочитана 207 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.