ЕП - У18

ЕДНА ЧЕТВРТИНА НЕДОВОЛНА ЗА УСПЕХ, УНГАРИЈА ПРЕСИЛНА ЗА МАКЕДОНИЈА

31 July, 2016 - 21:22

Кошаркарска репрезентација на Македонија доживеаа нов пораз, втор, во третиот меч на Европското првенство од Б дивизијата за играчи до 18 години што се одржува во Скопје. Во натпревар од А групата, одигран во СЦ „Борис Трајковски’’ македонските јуниори загубија од Унгарија со 56:78 (16:12, 11:25, 15:24 и 14:17).

Со само двајца расположени кошаркари, Ненад Димитриевиќ кој имаше учинок од 13 поени, 10 асистенции и 9 скокови, како и Елвис Хот кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 16 поени и 11 скокови, црвено-жолтите неможеа да се надеваат на изненадување.

Ова беше втор пораз за македонските јуниори со која ги намалија шансите за второто место во А групата, а со тоа и пласман во четвртфиналето.

Во оваа конкуренција денеска се одиграа и средбите: Полска – Кипар 70:42 и Бугарија – Ирска 113-67.

Утре се слободен ден на шампионатот, натпреварите од четвртото коло продолжуваат во вторник кога Македонија за противник ќе ја има Полска.

Табела:

1. Унгарија (3-0, победи-порази) 6 бодови

2. Бугарија (2-1) 5

3. Полска (2-1) 5

4. Македонија (1-2) 4

5. Кипар (1-2) 4

6. Ирска (0-3) 3 

Веста е прочитана 257 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.