РАКОМЕТ

ЕХФ ГО РАНГИРАШЕ ВАРДАР НА ЧЕТВРТАТА ПОЗИЦИЈА

22 March, 2017 - 21:14

Вардар повторно доби големо признание од Европската ракометна федерација која го рангираше на четвртото место на листата во нејзиниот традиционален избор. Тоа се должи на победите пред своите гледачи во Лигата на шампиони како и трумфот на гости кај Рај Некар Левен и Пик Сегед во групната фаза. На врвот пред македонскиот првак се ПСЖ, Барселона и Веспрем.

Ова е добар знак за „црвено црните“ бидејќи ЕХФ им го предвидува главниот приоритет сезонава пласманот на фајнал фор турнирот во Келн. Сепак, за тоа да го остварат најпрвин треба да го минат четвртфиналето откако ја прескокнаа осминафиналната фаза поради првото место во групата Б.

Веста е прочитана 988 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.