ОДБОЈКА

ЕП 2017: ОДБОЈКАРИТЕ ПРОТИВ ЧЕШКА, ЕСТОНИЈА И РОМАНИЈА

31 October, 2015 - 14:57

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против селекциите на Чешка, Естонија и Романија во Групата Ф од квалификациите за Европското првенство 2017 кое ќе се одржи во Полска.

Противниците ни се добро познати. Носител е репрезентацијата на Чешка со која игравме во квалификациите за ЕП 2009 и ЕП 2013. Со Естонија игравме во полуфиналето на Европската лига 2015 каде што победивме 3-0.

Македонската одбојкарска федерација аплицираше да биде домаќин на Групата Ф во квалификациите, но организаторот дополнително ќе биде одреден.

Квалификациите започнуваат со претквалификациската фаза, а квалификациските турнири ќе се играат во септември 2016

Веста е прочитана 201 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.