ОДБОЈКА

ЕСТОНИЈА ПРОТИВНИК НА МАКЕДОНИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА Ф4

10 August, 2015 - 18:42

Македонската одбојкарска репрезентација за противник за противник во полуфиналето ја доби Естонија на фајнал фор турнирот во Европската лига што ќе се игра на 13 и 14 август во Полска. Нашиот ривал беше првопласиран во групата А со максимални 10 победи и притоа постигна две победи на домашен терен над Македонија пред еден месец на почетокот од овогодишното издание од ЕЛ. 

Според програмата тоа ќе биде второто полуфинале кое ќе се игра во четврток од 20 часот во полскиот град Валбржих. Во првото полуфинале од 17 часот ќе играат Словенија и домаќинот Полска.

Следниот ден (14 август) најпрвин се игра дуелот за бронзениот медал меѓу поразените полуфиналисти, а потоа од 20 часот е финалето во кое ќе играат победниците од полуфиналните натпревари. 

Веста е прочитана 284 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.