КОШАРКА

ЕВРО КУП: ПОРАЗ НА МЗТ ВО ЛИТВАНИЈА

12 October, 2016 - 21:43

Низата од 4-ри порази во АБА лигата,МЗТ ја продолжи и  во Евро купот на ФИБА.Македонскиот шампион претрпе минимален пораз на гостувањето кај Лиеткабелис во Литванија од 90-89 .МЗТ  беше во предност на три секунди до крајот, но му дозволи  на домаќинот да го  реализира  последниот напад.Скопската екипа одигра потпросечно во првото полувреме.Во  вториот дел,од негатива со 23 поени,МЗТ успеа да стигне до егал завршница но немаше доволно концентрација во финишот за победа.Засилувањето Стефан Синовец беше прв стрелец  кај МЗТ со 20 поени.Во 2.коло од А групата на Евро купот,МЗТ  на 26 октомври ја пречекува Цедевита. 

Веста е прочитана 311 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.