ФОРМУЛА 1

ФЕТЕЛ ДОНЕСЕ РАДОСТ ЗА ФЕРАРИ

29 March, 2015 - 11:35

Себастијан Фетел на патеката „Сепанг“ со одлично возење и уште подобра тактика го порази тимот на Мерцедес и нивните возачи Луис Хамилтон и Нико Розберг, кои на крајот завршија на следните две позиции на подиумот.Одлична  трка возеше и Кими Раиконен кој во првиот круг остана без задниот десен пневматик, но на крајот успеа да го освои четвртото место, оставајќи ги зад себе пилотите на Вилијамс, Валтери Ботас и Фелипе Маса.За  Ферари тоа е  прва  победа по пауза од речиси две години, претходно во 2013 Алонсо победи во Шпанија. 


На трката во Малезија во историјата влезе и 17-годишниот Макс Верстапен( Торо Росо)  кој стана најмладиот освојувач на бодови во историјата на Формула 1. 

Бодови во Малезија уште освоија Карлос Саинц Ј., Данил Квјат и Даниел Рикардо. Следната трка се вози за Големата награда на Кина на 12 април.

Веста е прочитана 239 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.