ФОРМУЛА 1

ФЕТЕЛ НАЈБРЗ НА ХУНГАРОРИНГ, ПОБЕДАТА МУ ЈА ПОСВЕТИ НА ЖИЛ

26 July, 2015 - 17:15

Возачот на „Ферари“ Себастијан Фетел ја забележа втората победа сезонава откако беше најбрз за првпат во својата кариера на „Хунгароринг“ во формула 1 шампионатот што се возеше за Големата награда на Унгарија. Германецот својата 41 победа во кариерата со која се израмни со легенадарниот Аиритон Сена, ја посвети на неодамна починатиот колега Жил Бјанки.

„Жил, ти секогаш ќе бидеш во нашите срца. Порано или подоцна ќе беше дел од овој тим“, беше првата изјава на Фетел преку клупското радио по минување на целта.

Неочекувано на второто место заврши Русинот Данил Квајт на Ред Бул, а трет беше неговиот тимски колега Даниел Рикиардо. Холанѓанецот Макс Ферстапен (Торо Росо) оствари најдобар пласман во кариерата со четвртото место, а бодови од 5 до 10 место на ГН на Унгарија освоија Шпанецот Фернандо Алонсо (Мекларен), актуелниот шампион Британецот Луис Хамилтон на Мерцедес беше дури шести, Французинот Роман Грожан (Лотус), Германецот Нико Розберг (Мерцедес), Британецот Џенсон Батон (Мекларен) и Швеѓанецот Маркус Ериксон (Заубер).

Следната трка од Шампионатот во Формула 1 е на 23 август во Белгија. 

Веста е прочитана 265 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.