ФОРМУЛА 1

ФЕТЕЛ ПОБЕДИ ВО СИНГАПУР И СТАНА ТРЕТ НАЈДОБАР ВОЗАЧ ВО Ф1

20 September, 2015 - 16:37

Перфектна трка за Себастијан Фетел на Ферари  во Сингапур каде славеше со време  2:01:22.118, водеше од почетокот до крајот  и стигна до третата победа сезонава а 42 во кариерата со која дојде то третото место на вечната листа  , го потисна  легендарниот  Сена една позиција  , пред Фетел  сега се  Прост со 51 победа  и Михаел Шумахер со 91  триумф во Формула 1. 

Дани Рикардо со Ред бул  го освои второто место ,Кими Раиконен  на Ферари  третото место. Актулениот лидер и шампион, Хамилтон  поради проблеми со болидот не ја заврши трката а и покрај  откажувањето остана  лидер со 252 бода, Розберг сега има 211 на второто место  додека Фетел по денешната победа има 203 бода на своето конто и се наоѓа на третата позиција.

Следната трка ќе се вози следната седмица, натпреварувањето за Големата Награда на Јапонија.

Веста е прочитана 287 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.