КОШАРКА

ФИБА ПОЈАСНИ, МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ИГРА ВО „Б“ ДИВИЗИЈА

21 September, 2016 - 18:49

Македонската кошаркарска репрезентација која не успеа да се пласира на Евробаскет 2017, нема да се пресели во „Б“ дивизијата, туку преку претквалификации ќе се обиде да обезбеди квалификации за Светското првенство во 2019 година, објави Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА)

„Шеснаесетте национални тимови кои не се пласираа на Евробаскет 2017 ќе имаат право да учествуваат во квалификациската рунда што ќе се одржи следното лето. Осум селекции потоа ќе останат во елитата и ќе играат квалификациите за Светското првенство во 2019 година“, се вели во информацијата на ФИБА.

Квалификациите ќе се одржат во периодот од 2 до 19 август а осумте најдобри селекции остануваат А дивизијата, додека другите осум нема да играат во Мундијалските квалификации и ќе имаат право да играат  во квалификациите за ЕП 2021 година.

Македонија заедно со Белорусија, Португалија, Албанија, Луксембург, Естонија, Швајцарија, Кипар, Холандија, Австрија, Данска, Босна и Херцеговина, Шведска, Бугарија, Косово и Словачка, ќе се борат за осумте места кои обезбедуваат учество во квалификациите за Светското првенство 2019. 

Веста е прочитана 266 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.