РАКОМЕТ

ФРАНЦИЈА ГО ОЧЕКУВА ПРОТИВНИКОТ ВО ФИНАЛЕТО,ХРВАТСКА ИЛИ НОРВЕШКА

27 January, 2017 - 15:57

НА СП во машки ракомет,вечерва ќе биде познат вториот финалист.Од 20.45  ќе играат Хрватска и Норвешка.Синоќа селекција Франција,домаќин на 25  ракометен мундијал  обезбеди  пласман во финалето со  победа со 31-25  над Словенија.Бранителот на светската круна од Катар , беше доминантен .Триколорите имаа 15-12 на полувремето,а поголемиот дел од репертоерот и квалитениот ростер  го покажаа во вторите 30.минути  каде  Словенија  немаше против игра.  Ремили со шест гола беше најефикасен во редовите на Франција и на полуфиналето. Порт постигна пет, а Нарцис и Мае забележаа по 4 погодоци. Во составот на Словениј,а најефикасен беше Доленец со 5 голови.

Веста е прочитана 525 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.