ОДБОЈКА

ФРАНЦИЈА ЈА ОВОИ СВЕТСКАТА ОДБОЈКАРСКА ЛИГА

19 July, 2015 - 18:03

Репрезентацијата на Франција е победник во Светската лига, Франција во финалето ја совлада Србија со 3:0 ( 25:19, 25:21 и 25:23 ). За Франција ова е историски успех и прво злато во Светската одбојкарска лига во која има уште едно одиграно финале , 2006 година загуби од Бразил 3:2  во Москва. Србија никако да стигне до титула во ова натпреварување иако пет пати играла во финале и никогаш не победила, последен пат загуби во 2009 година од Бразил со 3:2 и тоа во Белград. Во борба за третото место, САД ја совладаа Полска со 3:0.

Веста е прочитана 202 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.