ТУР ДЕ ФРАНС

ФРУМ КРИНИСАН ВО ШАМПИОН НА ЕЛИСЕЈСКИТЕ ПОЛИЊА

26 July, 2015 - 22:14

Британецот Крис Фрум вторпат во својата кариера е крунисан во шампион од престижната велосипедска трка околу Франција, додека последната 21 етапа со финиш на „Елисејските полиња“ во Париз му припадна на Германецот Андре Грајпел за кого ова беше четвртти успех годинава. 

Од седмата етапа кога ја облече жолтата маичка Фрум не ја испушти до самиот крај и заслужено по 3300 километри на Тур де Франс го повтори успехот од 2012 година. 

На последната 21 етапа Грајпел за првата позиција беше побрз во спринтот пред Французинот Брајан Кокар и Норвежанецот Александер Кристоф.

Тур де Франс, Генерален пласман:

1. Крис Фрум (Велика Британија/Скај) 84:46,14 сати

2. Наиро Кинтана (Колумбија/Мувистар) +1:12 минута

3. Алехандро Валверде (Шпанија/Мувистар) +5:25

4. Винченцо Нибали (Италија/Астана) +8:36

5. Алберто Контадор (Шпанија/Тинкоф-Саксо) +9:48

Пласман:

Жолта маичка (победник) – Фрум

Бела маичка (млади) – Кинтана

Точкаста маичка (планински) – Фрум

Зелена маичка (спринтер) – Петер Саган (Словачка)

Веста е прочитана 228 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.