ТЕНИС

ЃОКОВИЌ ГО ПРЕБРОДИ МАРАТОНОТ СО СИМОН,СЕРЕНА ЗАКАЖА ДУЕЛ СО ШАРАПОВА

24 January, 2016 - 18:54

Водечкиот светски тенисер одигра пет сета против  Жил Симон  за пласман помеѓу најдобрите осум на Грен слемот во Мелбурн.Во маратонски меч со многу грешки,51 на форхенд  страната  и 48 со бекхендот,Ѓоковиќ го победи французинот  со 6-3,6-7,6-4,4-6 и 6-3.За место во полуфиналето првиот светски рекет ќе игра Нишикори.Јапонецот, лесно во три сета се справи со Цонга.

За  разлика од Новак Ѓоковиќ,Федерер  делуваше многу подобро против својот ривал во осминафиналето,Давид Гофан.Третиот носител победи по сетови со 6-2,6-1 и 6-4 и во следниот круг го очекува дуелот со Бердих.Чехот слично како првиот фаворит,денеска одигра меч од пет сета против Баутиста Агут.

И кај дамите немаше изненадувања.Серена Вилијамс со 6-2 и 6-1 ја порази русинката Гаспарјан и закажа  нова пресметка со Марија Шарапова во фаза на четврфинале.Шарапова во  два сета со по 7-5 ја совлада Бенчиќ.Суарез Наваро и Радванска одиграа сет повеќе против Гаврилова ,односно Фридман за промоција помеѓу најдОбрите осум тенисерки на турнирот.

Веста е прочитана 222 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.