ТЕНИС

ЃОКОВИЌ ГО ПРЕГАЗИ НАДАЛ ВО ДОХА

9 January, 2016 - 20:25

Новак Ѓоковиќ го освои АТП тенискиот турнир во Доха од серијата 250 откако во финалето по неверојатна игра го совлада Рафаел Надал со максимални 2:0 за еден час и 14 минути. Шпанецот не можеше да пронајде игра за феноменалното издание на првиот рекет во светот кој беше најубедлив во нивните 47 досегашни пресметки. Уште од самиот почеток се обидуваше да го смени ритамот во однос на претходните средби, беше агресивен со подлабоки топки и сигурен бекхенд, но тоа беше доволно да освои само три гејма, еден во првиот и два во вториот сет.

Ѓоковиќ на крајот оствари 30 винери и 13 неизнудени грешки, додека Надал мечот го заврши со девет винери помалку и исто број на грешки.

Со овој триумф Ѓоковиќ за првпат во кариерата успеа да го сврти во своја корист најголемото ривалство во историјата на тенисот откако ја обезбеди 24 та победа, една повеќе од Шпанецот.

Србинот славеше во Доха за јубилејната 60 АТП титула во кариерата. 

Веста е прочитана 292 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.