ТЕНИС

ЃОКОВИЌ ГО СОВЛАДА ФЕДЕРЕР,СЕРЕНА И КЕРБЕР ФИНАЛИСТКИ КАЈ ДАМИТЕ

28 January, 2016 - 14:12

Првиот носител го порази третиот фаворит на Грен слем турнирот  Австралија Опен.Новак Ѓоковиќ во четири сета со 3-1 го победи Роже Федерер и ќе има можност да игра за шести трофеј во кариерата на терените во Мелбурн.

Првиот светски рекет имаше беспрекорна игра во полуфиналната пресметка со Федерер.Ѓоковиќ го освои првиот сет со 6-1,вторито со 6-2.Швајцарскиот ас се разбуди во третиот сет.Федерер го порави сервисот а со тоа и другите елементи во играта и со 6-3 ја намали предност на ривалот,Сепак во средината на  четрвтиот сет,Ѓоковиќ   ја создаде прндноста и по два и пол часа игра сервираше за  6-3 и за  23 победа од 45   меѓусебни  мечеви со Федерер. Во финалето каде ќе ја брани титулата,Новак Ѓоковиќ го очекува победникот од второто полуфинале во кое ќе играат Енди Мареј и Милош Раониќ.

Кај тенисерките уште поголема доминација на фаворитката.Серена Вилијам.Првата носителка  на пат кон седмиот трофеј од Мелбурн каде ја брани титулата, ја декласираше Агњешка Радванска за 64 минути игра.Четвртата носителка не освои ниту еден гејм во првиот сет.Во вториот,тенисерката од Полска имаше отпор до 4-4 ,кога Серена направи брејк и потоа  го затвори сетот со 6-4.Во финалето,американката која има можност во Австралија да се изедначи со Штефи Граф по бројот на освоени Грен слем турнири,ја очекува Анжелика Кербер.Тенисерката од Германија во второто полуфинале ја совлада британката Џоен Конта со 7-5 и 6-2.

Веста е прочитана 252 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.