ТЕНИС

ЃОКОВИЌ И МАРЕЈ ЌЕ ИГРААТ ЗА ТИТУЛА НА РОЛАН ГАРОС

3 June, 2016 - 19:34

Водечките тенисери на АТП листата ќе играат во финалето на Грен Слемот во Париз.Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј  атакуваат на првиот трофеј на Ролан Гарос.

 

Во првото полуфинале,водечкиот светски рекет Новак Ѓоковиќ лесно во три сета се справи со надежниот Доминик Тим.За четврто финале на Отвореното тениско првенство на Франција,првиот фаворит во Париз славеше со 6-2,6-1 и 6-4. Енди Мареј продолжи со добрата игра на земјена подлога.Британецот за два и пол часа во 4-ри сета, го елиминираше ланскиот шампион на турнириот,Стан  Вавринка.Мареј поведе со 6-4 и 6-2.Во третиот сет,швајцарецот остана во игра и со 6-4 се избори за продолжение.Мареј брзо ја врати  контролата  и со убедливи  6-2 се избори за прво финале во кариерата на Ролан Гарос каде во изминативе пет сезони на три пати не успеаваше да ја совлада полуфиналната бариера.

Кај дамите пласман во финалето обезбедија Серена Вилијамс и Гарбиње Мугуруза.Вилијамс со 7-6 и 6-4 ја порази холанѓанката Кики Бертенс ,изненадувањето на турнирот,додека шпанската тенисерка Мугуруза, со 6-2 и 6-4 ја надигра Саманта Стосур од Австралија.

Веста е прочитана 240 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.