ТЕНИС

ЃОКОВИЌ И ВАВРИНКА ФИНАЛИСТИ НА УС ОПЕН

10 September, 2016 - 15:42

Новак Ѓоковиќ и Стан Вавринка се пласираа во финалето на Отвореното тениско првенство на САД.Првиот фаворот на турнирот го совлада Гаел Монфис во 3-1 по сетови 6-3,6-2,3-6 и  6-2.Ѓоковиќ ,двократен шампион на турнирот во своето  седмо финале на Грен слемот во Њујорк ќе игра против Стан Вавринка,.Третиот носител кој за прв пат во кариерата избори  меч за титула на Флешинг Медоус, во второто  полуфинале славеше над Кеи Нишикори.Јапонецот со 6-4 го освои првиот сет но ги загуби следните три што ги доби Вавринка со 7-5,6-4 и 6-2.Во  женското финале на УС Опен  ќе се сретнат  Кербер и Плишкова.

Веста е прочитана 351 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.