ТЕНИС

ЃОКОВИЌ ЛЕСНО ВО 3.КОЛО НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

20 January, 2016 - 14:34

Трет ден од тенискиот  Грен слем турнир  Австралија Опен.Фаворитите во машка конкуренција не дозволија изнеадувања.Првиот носител и тенисерот што ја брани титулата,Новак Ѓоковиќ,рутинирано во три сета со 6-1 ,6-2 и 7-6- го совлада французинот Алис и се пласираше во 3.коло каде ќе се сретне со Андреас Сепи.Италијанецот во рамки на 2-та рунда беше подобар од американецот Кудла.Сигурен на Род Лејвер Арената беше и Роже Федерер.Третиот фаворит и  четирикратен освојувач на Грен слемот во Мелбурн, го порази украинецот Долгополов  со 3-0,по сетови 6-3,7-5 и 6-1.Во следниот круг,швајцарскиот ас  ќе го вкрсти рекетот со Григор Димитров.27-носител, го доби мечот против аргентинецот Трунгелити  со 3-1.Од топ 10 носителите успешно беа и Нишикори ,Цонга и Бердих,а пласман во 3.коло изборија уште Киргиос,Гофан,Чилиќ,Симон ,Тием,Баутиста Агут ,Гарсија Лопез,Делбонис и Херберт.

Во женска конкуренција ,првата фаворитка,Серена Вилијамс и дозволи на  Ксие од Тајван да освои само три гејма во двата сета што ги освои со 6-1 и 6-2. Марија Шарапова  лесно се справи со белорусинката Саснович  победувајки со 6-2 и 6-1.Успешна и Радванска.Четвртата носителка со 6-4 и 6-2 ја совлада канаѓанката Бушар.Во 3.коло не успеа да се пласира Петра Квитова.Шестата фаворитка во Мелбург загуби од домашната тенисерка Гаврилова во два сета со по 6-4.На другите терени, прогрес до 3.коло и за Бондаренко,Бенчиќ,Суарез Наваро,Винчи и Младеновиќ.

Веста е прочитана 256 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.