ТЕНИС

ЃОКОВИЌ ПО ШЕСТИ ПАТ ГО ОСВОИ МЕЛБУРН

31 January, 2016 - 14:59

Новак Ѓоковиќ по шести пат во кариерата го освои Отвореното тениско првенство на Австралија.

Во финалето,првиот светски рекет беше супериорен и без загубен сет    со 6-1,6-3 и 7-6 го победи Енди Мареј. До 11. трофеј од турнирите на Големата Четворка, Ѓоковиќ стигна за нешто помалку од три часа игра и се изедначи со Род Лејвер и  Бјорн Борг  по  Грен слем колекцијата.На вечната листа пред тенисерот од Србија е  Федерер со 17 ,Надал и Сампрас со по  14 и Рој Емерсон со 12 освоени  Грен слем турнири.На другата страна,британецот Мареј  впиша негативен рекорд.Вториот носител на турнирот го загуби и своето  петто финале во Мелбурн.Ѓоковиќ  води со 22-9 во меѓусебните мечеви со Мареј и  има 11 победи на последните 12 мечеви со денешниот ривал во Австралија.Вчера во женското финале,Анџелика Кербер ја порази Серена Вилијамс.

Веста е прочитана 241 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.