ТЕНИС

ЃОКОВИЌ ПРЕДАДЕ ВО ДУБАИ, НЕМА РЕКОРДНО 17 ФИНАЛЕ ПО РЕД

25 February, 2016 - 22:33

Србинот Новак Ѓоковиќ го заврши настапот во Дубаи на АТП тенискиот турнир од серијата 500 откако го предаде мечот против Шпанецот Фелицијано Лопез, кој беше во водство од 1:0 по добиениот прв сет со 6:3.

По 700 победа пред два дена, првиот рекет во светот не можеше да го продолжи четвртфиналето поради инфекција на десното око а откако им се извини на навивачите во Дубаи на кратката средба со новинарите образложи дека наскоро ќе биде се во ред и дека на физички и психички план е подоготвен пред важните настапи во Дејвис Купот, како и турните од Мастерс серијата 1000, во Индијан Велс и Мајами.

Ова е прв пораз на Ѓоковиќ од завршниот Мастерс во Лондон, ланската година, по што принудно беше запрен да стигне до рекордното 17 финале по ред. Првпат по пауза од четири ипол години, Ѓоковиќ предаде меч. Последен пат тоа го стори против Хуан Мартин Дел Потро на Дејвис-купот во Белград против Аргентина, тогаш поради проблеми со грбот.

Веста е прочитана 256 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.