ТЕНИС

ЃОКОВИЌ СТАРТУВАШЕ СО ПОБЕДА НА ВИМБЛДОН

27 June, 2016 - 18:28

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Грен слемот во Лондон.Во 1.коло на Вимблдон каде ја брани титулата,српскиот тенисер без загубен сет го победи британецот Џејмс Вард со 6-0,7-6 и 6-4 за нешто повеќе од два часа игра.Во 2.коло Ѓоковиќ  ќе се сртене со французинот Манарино.Од  носителите,прогрес на турнирот и за Гофан,Ферер,Чилиќ,Симон,Квери,Карловиќ,додека Андерсон 20.фаворит загуби од Истомин.Кај дамите,полуфиналистката од 2007 година ,Ана Ивановиќ,загуби од 225-тата на ВТА листата ,русинката Јекатерина Александрова со 6-2 и 7-5.За разлика од 23  фаворитка,успешен старт  имаа  Венус Вилијамс,Стосур,Кејс,Лисицки и Ерани.

Веста е прочитана 248 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.