ВТА РАНГ ЛИСТА

ЃОРЧЕСКА БЕЛЕЖИ НАЈДОБАР РАНКИНГ ВО КАРИЕРАТА НА 270 МЕСТО

2 May, 2016 - 16:09

Лина Ѓорческа направи нов скок од шест места на ВТА ранг-листата и сега се наоѓа на 270 место со 161 поен. 12 поени освоени за триумфот на фјучрсот во Маниса не и се запишани па тоа значи дека нашата тенисерка на следното рангирање ќе има нов напредок на ВТА листата.

Ова е најдобриот пласман на Ѓорческа во кариерата во поединечна конкуренција. Нашата тенисерка следниот настап треба да го има фјучрс турнирот во унгарскиот град Ѓер.

Првиот македонски рекет во конкуренција на двојки се наоѓа на 260 место што е за осум места подобро од минатиот понеделник, но за пет послабо од најдобриот ранкинг во оваа категорија. 

Веста е прочитана 211 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.