ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА ДОБИ ПОКАНА ЗА НАСТАП НА „УС“ ОПЕН

4 August, 2016 - 16:04

Одличната сезона Лина Ѓорческа на крајот ќе ја круниса како прва Макеоднска со настап во квалфикакциите на четвртиот Грен слем тениски турнир сезонава „УС“ опен што ќе се одржува од 29 август до 11 септември во Њујорк.

Најдобрата македонска тенисерка доби покана како 108 рангирана на листата од квалификациите, со рангот што го имаше кога беше на 215 место на ВТА ранг-листата.

Во квалификациите ќе играат 128 тенисерки, а на таа листа се наоѓаат 119 тенисерки според пласманот на ВТА листата, а другите девет места организаторот ќе ги пополни со „вајлд карти“ и специјални покани. Лани најдобрите 16 од квалификациите изборија пласман на главниот турнир.

Ѓорческа, пред настапот на кариерата и впишувањето во историјата на женскиот тенис во Македонија, е пријавена да игра на фјучерсот во германскиот град Лајпциг.

Веста е прочитана 360 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.