ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА ЕЛИМИНИРАНА ВО ПРВОТО КОЛО ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА НАСТАП НА УС ОПЕН

24 August, 2016 - 21:17

Лина Ѓорческа уште на самиот почеток го заврши својот прв грен слем настап на последниот турнир сезонава Отвореното првенство на Соединетите американски држави.

Во првото коло од квалификациите за пласман на главниот турнир најдобрата македонска тенисерка загуби од домашната надеж 17-годишната Кетрин Белис со максимални 2 - 0.

Првиот грен слем меч во кариерата за Ѓорческа траеше вкупно 49 минути. Во него освои само два гејма и тоа во вториот сет откако воведниот го загуби со 6 - 0.

Веста е прочитана 351 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.