ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА ОБЕЗБЕДИ ПОЛУФИНАЛЕ ВО БУРСА

15 July, 2016 - 16:50
Лина Ѓорческа продолжува со победите на фјучрсот во Бурса што се игра за награден фонд од 50.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка повторно со пресврт во мечот ја совлада Екатерине Горгодзе од Грузија со 2:1. Ова е втора идентична победа над тенисерката од Грузија откако првпат ја совлада во финалето на фјучрсот во Анталија во јануари годинава. Во исцрпувачки меч што траеше два часа и 24 минути, откако го загуби првиот сет со 6:4, за триумфот Ѓорческа славеше во наредните два со 6:4 и 6:2. Утре Ѓорческа ќе игра со домашната тенисерка и првата носителка на Бурса Куп 2016, Ипек Сојлу, која во два сета со само еден загубен гејм ја прегази Дениз Казаниук од Израел. Во игра на двојки, Ѓорческа и Валерија Страхова останаа без финале, бидејќи како втори носителки загубија во полуфиналето од Акгул Аманмурданова (Узбекистан) и Натела Џаламидзе (Русија) со 2:0 (6:3, 6:1).
Веста е прочитана 318 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.