ОДБОЈКА

ЃОРЃИЕВ НАЈДОБАР ВО ПРВИОТ ТРИУМФ НА МАКЕДОНИЈА

10 June, 2016 - 16:31

Македонската одбојкарска репрезентација очекувано го обезбеди првиот триумф на стартот од годинашново издание во Европската лига. На турнирот во Варна славеше убедливо против аутсајдерот Албанија со 3:0 (25:17, 25:23, 25:18), во првото коло од А групата.

Иако во подмладен состав и без коректорот Јовица Симовски, кој во последен момент од приватни причини го откажа настапот, избраниците на Селекторот Жарко Ристоски го контролираа резултатот во текот на целиот меч и го запишаа првиот триумф.

Капитенот Никола Ѓорѓиев со 23 поени беше најдобар поединец во нашиот национален тим  

Утре противник на Македонија во второто коло ќе и биде Данска, во недела се среќава со домаќинот Бугарија.

Веста е прочитана 313 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.