ФУДБАЛ

ЃОРЃИОСКИ ДОБИ НОВ МАНДАТ, ДО 2021 ГОДИНА НА ЧЕЛО НА ФФМ

18 February, 2017 - 16:23

Актуелниот претседател Илчо Ѓорѓиоски, ја доби довербата едногласно на Изборното Собрание и во наредните четири години да ја предводи Фудбалската федерација на Македонија.

Ѓорѓиоски немаше противканидат на Собранието. Во неговиот реизбор доби 91 глас без ниту еден против за претседател на ФФМ во нов мандат до 2021 та година. 

„Голема чест е да се биде претседател на ФФМ и да се бориме за македонскиот фудбал како што тоа некогаш го правевме на теренот. Вратата на Фудбалската федерација секогаш ќе ви биде отворена. Во изминатите години успеавме да реализираме голем број проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Ве повикувам да продолжиме да работиме секогаш во интерес на македонскиот фудбал. Вашата поддршка ме обврзува да продолжам да го давам својот максимум за развој на нашиот фудбал. Но, една работа не смееме да ја заборавиме, иднината на македонскиот фудбал не е во рацете на поединец, па ни само во Фудбалската федерација на Македонија, таа е во рацете на сите нас“, изјави во обраќањето Ѓорѓиоски.

Ѓорѓиоски за претседател на ФФМ за првпат беше избран во 2012 година, кога го наследи Харалампие Хаџи Ристески.

ФФМ на Собранието го состави Управниот одбор во кој ќе членуваат, Златко Талевски, Лазар Аџиев, Светозар Станковски, Борче Лазаревски, Добре Иванов, Муамет Зејдини, Саљим Абдили, Тони Ивановски, Горан Гаврилов, Марјанчо Стојкоски, Џеват Ибрани, Дејан Димовски, Димитар Џоров и Арѓент Беќири.

Веста е прочитана 665 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.