ФОРМУЛА 1

ЛУИС ХАМИЛТОН СЕ ПОБЛИСКУ ДО ОДБРАНА НА НАСЛОВОТ

11 October, 2015 - 15:29

Британецот Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Русија, со овој триумф актуелниот шампион е се поблиску до одбрана на титулата во Формула 1 . Хамилтон до победата дојде откако го превзеде водството од тимскиот колега Розберг во 8 круг, Розберг имаше проблеми со болидот а Хамилтон  тоа го искористи и победи со време  1:37.11 пред Фетел и Перез. За Хамилтон ова беше девета победа сезонава на 15 - та трка и сега има вкупно 42 победи во кариерата со што се израмни со Фетел на вечната листа според бројот на победите.

Хамилтон на четири трки до крајот на сезоната има огромна предност во однос на ривалите,  тој има 302 бода на првата позиција,  Фетел со 236 е втор  додека   Розберг со 229 бода е на третото место. Следната трка се вози на 25 октомври за ГН на САД.

ГН НА РУСИЈА - РЕЗУЛТАТИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес 1:37:11,024
2. Себастијан Фетел Ферари +5,953
3. Серхио Перез Форс Индија +28,918

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН - ВОЗАЧИ
1. Луис Хамилтон 302 бода
2. Себастијан Фетел 236
3. Нико Розберг 229

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН - КОНСТРУКТОРИ
1. Мерцедес 531 бода
2. Ферари 365
3. Вилијамс 220 

Веста е прочитана 218 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.