КОШАРКА

ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО „ГРАДСКИ ПАРК“, ИЛИЕВСКИ ПОТПИША ЗА РАБОТНИЧКИ

7 September, 2016 - 15:55

Поранешниот македонски репрезентативец Владо Илиевски е најновото засилување на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички.

Искусниот бек и Работнички се договорија на едногодишна соработка со клаузула која му овозможува на Илиевски доколку најде поволна понуда да замине во странство до крајот на оваа календарска година.

Клубот од „Градски парк“ најавуваше дека за новата сезона ќе состави поконкурентен тим, со тоа што акцент ќе се стави на македонски играчи.

Со ангажманот на Илиевски, тренерот Марин Докузовски добива квалитетен играч кој заедно со Ѓорѓи Чековски и Димитар Мираковски се основа за создавање на силен тим кој ќе биде сериозен конкурент на фаворитите за највисок пласман, шампионот МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи и Куманово. 

Веста е прочитана 268 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.