ФУДБАЛ

ГОРАН ПАНДЕВ ПРОМОВИРАН ВО АМБАСАДОР НА УЕФА СУПЕР КУПОТ 2017

20 March, 2017 - 20:07

Капитенот  на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев е промовиран за амбасадор  на УЕФА Супер купот  што ќе се одржи на 8-ми август во Скопје.

 

Капитенот на сениорите и фудбалер на Џенова од Серија А  Горан Пандев, денеска беше официјално промовиран во амбасадор на УЕФА Супер купот што ќе се одржи на 8 август на Арената Филип Втори во Скопје.Најдобриот македонски фудбалер  како победник во ЛШ со Интер учествуваше во Супер купот 2010 година но трофејот го освоио Атлетико Мадрид славејки со 2-0 на стадионот Луј Втори во Монако.

Благодарност за укажаната доверба. Ќе ми биде голема чест како Македонец да бидам амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017. Знаеме дека ќе играат двата тима победници од Лигата на шампооните и Лигата на европа и ќе биде големо уживање да ги гледаме во Скопје, истакна најдобриот македонски фудбалер.

Јас лично би сакал во Скопје да гледаме натпревар меѓу Манчестер јунајтед, како победник на Лигата на Европа и некоја од екипите кои сега ја сочинуваат четврфтиналната двојка Барселона – Јувентус, вели Пандев.

Веста е прочитана 998 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.