ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН 50 ЈУБИЛЕЕН ПАТ НА ПОЛ-ПОЗИЦИЈА

19 March, 2016 - 18:28

Актуелниот светски првак Британецот Луис Хамилтон беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Австралија, првата трка во новата сезона од формула еден шампионатот која ќе се вози во недела на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн.

Возачот на Мерцедес по 50 ти јубилеен пат во кариерата ќе стартува од полпозицијата. Пред него ваков јубилеј прославиле Германецот Михаел Шумахер и легендарниот Бразилец, Аиртон Сена. Покрај Хамилтон во првиот ред друштво ќе му прави тимскиот колега Германецот Нико Розберг. Според овие резултати се чини дека уште од самиот старт на сезоната ќе доминираат болидите на Мерцедес. Во вториот ред ќе бидат двајцата возачи на Ферари, Германецот Себастијан Фетел и Финецот Кими Раиконен, додека одличното петто место го обезбеди Холанѓанецот Макс Верстапен на Торо росо.

Во Австралија првпат се применија новите квалификации во кои на сите три излагањa на патеката возачите се борат да не испаднат. Според реакциите од трибините не може да се каже дека новиот систем внесе поголеми возбудувања кај гледачите.

Веста е прочитана 219 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.