ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НАЈБРЗ ВО ХОКЕНХАЈМ, ГО ПРОДОЛЖИ НИЗОТ НА ЧЕТИРИ ПОБЕДИ ПО РЕД

31 July, 2016 - 17:20
Британецот Луис Хамилтон победи на 12 трка во Формула 1 шампионатот што се возеше за Големата награда на Германија.  Возачот на Мерцедес прв ја мина целната рамнина на патеката во Хокенхајм, остварувајќи ја шестата победа сезонава, четврта во низа. Лошиот старт на неговиот клупски колега Нико Розберг кој ја имаше пол-позицијата покрај Британецот ја искористија и возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен кои го пополнија пиедесталот на втората односно третата позиција.  Германецот Розберг заврши како четврто пласиран, а зад него за бодови се изборија уште возачите на Ферари, Германецот Себастијан Фетел и Гинецот Кими Раиконен, потоа Германецот Нико Хулкенберг на Форс Индија, Британецот Џенсон Батон на Мекларен, Финецот Валтери Ботас на Вилијамс и Мексиканецот Серхио Перез на Форс Индија. Во генералниот пласман сега Хамилтон има вкупно 217 бодови, 19 повеќе од Розберг. Рикиардо е трет со 133 бода. Во формула еден шампионатот следува вообичаената едномесечна пауза, пред 13 трка која е закажана на 28 август во Спа-Франкошамп за Големата награда на Белгија.
Веста е прочитана 280 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.